Ако некој сака да биде дел од вашиот живот, ќе биде

Да, навистина е тешко да се живее без личноста за која мислевте дека е целиот ваш свет. Тешко е да се живее со споменот за неа, без неа. Кога сите нешта ве потсетуваат на неа и мислите дека не можете да ги заборавите. Но, не можете да се фокусирате на луѓето кои не сакаат да бидат дел од вашиот живот и да очајувајте поради нив. Ниту пак да барате изговори за нивното однесување.

Вистината е дека ако некој сака да биде дел од вашиот живот, ќе биде. Ако навистина ве сакаат и им значите ќе го направат напорот и ќе бидат со вас.

Не размислувајте дали ќе се вратат, бидејќи тоа не е важно. Дури и да се вратат, која е гаранцијата дека нема да си заминат повторно? Дека нема да ве остават како и првиот пат.

Не барајте сила во себе за да ги разберете. Нивната приказна е поинаква од вашата. Вашата приказна е поинаква од нивната. Љубовта е поинаква. Можеби сте ги сакале повеќе, можеби имате сила во себе да сакате повеќе, можеби било лошо само времето и моментот. Воошто не е важно тоа. Важно е дека си заминале. Дека ве очекува иднина без нив. Дека не треба да го трошите своето време, размислувајќи за нив.

Но, не морате да ги мразите. Сфатете само дека тие се дел од вашиот живот кој веќе завршил. Дека веќе тие не се дел од вашиот живот, денес, во овој момент. Не собирајте бес во себе, не ги уништувајте во својата глава, не собирајте стрес. Пуштете ги да си заминат од вашиот живот. Пуштете ги да бидат дел од вашето минато, за да можете да продолжите понатаму.

Можеби не им го должите тоа ним, но си го должите себеси.