Ако некој е посреќен без вас...

Ако некој е посреќен, поисполнет, порадосен, позадоволен без вас. Ако некој е поопуштен, помирен, ако се чувствува дека нема грижи, проблеми, нервирања затоа што вие не сте во неговиот живот...тогаш повлечете се, исчезнете, замолчете. 

Не давајте повод да се зборува за вас како нечија причина за немир, несреќа или болка. 

Заминете си!

Кога ќе се фатите себеси како молите за нечие внимание. Заминете си!

Кога ќе се почувствувате отфрлено. Заминете си!

Кога ќе почнете да чувствувате дека сте станале товар. Заминете си!

Кога се плашите дека ќе изгубите некого, затоа што таму каде што има љубов нема место за страв. Заминете си!

Кога ќе дојдат моменти кога не можете да престанете да плачете. Заминете си!

Кога боли, а немате повеќе солзи. Заминете си!

Кога ќе ви кажат дека сте неважни. Заминете си!

Кога сте свесни дека од едно „Сеедно“ сигурно ќе се скршите. Само заминете си!

Кога ќе одлучите дека поради некој повеќе нема да сакате никого. Заминете си!

Лутајте.
Плачете.
Скријте се.

А потоа, оживејте, станете, научете ја лекцијата и гордо одете со крената глава и продолжите да одите до рацете кои се вредни за целосно да им се предадете.