Ако некогаш животот ве притисне до ѕид...

Ако животот ве притисне до ѕид, знајте дека излезот не се наоѓа зад ѕидот. 

Она што се наоѓа зад ѕидот е само резултат на вашето гледиште на ѕидот кој стои пред вас. Верувам дека највеќе од сѐ би сакале да ги употребите сите свои земски способности и да тргнете во акција на рушење ѕидот. И јас бев една од тие амбициозните.

Но, сето тоа беше успех. 

Тогаш сфатив дека ако сакам да откријам што се крие на другата страна на ѕидот, прво морам да го прифатам ѕидот. Морам добро да го запознаам. Што претставува ѕидот? Зошто е тука?

Свесното прифаќање на невозможните ситуации е прв чекор за излегување од нив. 

Ако некој од вас проаѓа низ слично искуство, немојте да очајувајте.

Почувствувајте ја тагата, не бегајте од неа. 

Почувствувајте ја болката, не ја убивајте со алкохол и други супстанци.

Почувствувајте го секој неподнослив момент.

Почувствувајте го својот здив.

Издржете.

Сѐ поминува.

Само уште малку и ќе успеете да го срушите ѕидот. Но, не со рушење, туку со отпуштање.