Ако не ви дадат одмор, треба да ви го платат – ги знаете ли вашите работнички права?

Работникот има право на паричен надоместок за неискористените денови од годишниот одмор само доколку тој го побарал, а не му било овозможено да го користи. Со исплатата на паричниот надоместок по основа на неискористени денови од годишен одмор, се смета дека работникот целосно го искористил годишниот одмор.

Работничките права на македонските работници, правата за надомест, отсуство од работа и слично, може да се најдата на новата синдикална веб-страница www.rabotnickiprava.mk, која е пуштена во употреба денеска во рамки на одбележувањето на Светскиот ден за пристојна работа – 7 октомври.

Целта е да се овозможи полесен пристап до информации за работничките права. Има намена да ги едуцира и информира работниците со цел да бидат подобро запознаени со своите права, како брзо да реагираат и да се заштитат.

Веб-страницата е заедничка активност на сите синдикални организации во Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија, на сите нивни членови и за сите оние кои имаат потреба од заштита. Финансирана е од Европската унија преку проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, а е реализирана од Меѓународната организација на трудот – МОТ. Со ова официјално започнува и медиумската кампања наменета за подобра заштита на правата на работниците, и со цел обезбедување поголема нивна благосостојба.

Страницата е поделена во неколку категории со цел корисниците лесно и брзо да може да се снајдат. Дискриминација, мобинг, колективно договарање, право на одмор, плата – се само дел од темите кои се поставени на насловната страница. За истакнување е делот за често поставувани прашања, каде работниците може да се информираат од туѓите искуства и да се охрабрат да ги постават своите прашања со цел да решат некакви проблеми.

Веб-страницата www.rabotnickiprava.mk се промовира на Светскиот ден на пристојна работа, кој традиционално секоја година се одбележува на 7 октомври насекаде низ светот. Целта е работниците да добијат гаранција за своите права, сигурност, подобра плата и подобри услови за работа, што севкупно ќе придонесе подостоинствен работен век секому.

cheap nike air max 90