Ако не пробаме, никогаш нема да ја знаеме вистината

Ако не се обидеш и не ми испратиш порака, никогаш нема да знаеш дали ќе одговорам. Ако не се обидеш да ме повикаш на состанок, никогаш нема да ја знаеш мојата омилена храна, мојот омилен филм, моите спомени од детството и со кој од моите родители имам повеќе блискост.

И, ако моите зборови не кажуваат доволно, моите зборови ќе ти ја кажат вистината. Само треба да ме погледнеш во очи и да дознаеш што кријам во себе.

Ако чекаш нештата да бидат совршени, тогаш ќе чекаш засекогаш. Понекогаш убавината е да се обидеш, дури и кога не си сигурен 100% и да го претвориш тоа што го имаш во нешто најубаво. Убавината е во тоа да се обидеш да ги добиеш одговорите и да бидеш среќен со тоа што ќе го добиеш.

Но, ако не се обидеш, ќе се будиш секое утро прашувајќи се која е вистината. Дали ми се допаѓаш, како би ни било заедно и ќе си поставуваш прашања на кои никогаш нема да добиеш одговор.

Затоа што, преземаме ризици за тие што ги сакаме. Преземаме ризици за да направиме нечиј живот поубав, но и нашиот. Преземаме ризици бидејќи тие се суштински дел од животот. Ризиците се тие кои нѐ доближуваат до среќата.

Затоа што, кога животот ти дава шанса, треба да ја искористиш.