Ако не можете некому да простите, прочитајте го ова...

Навистина не можам да ги поднесам сите клишеа за простувањето.

Го знам секој збор, секој совет, секое мислење коешто постои на темава, затоа што имам читано многу книги. Сум го прочитала секој блог пост за тоа како да се ослободиш од лутината. Сум запишувала цитати од Буда и сум ги лепела на ѕид. Знам дека ниту еден дел од тоа не е едноставен. Знам дека клишеата се досадни. Знам дека растојанието меѓу тоа да одлучиш да простиш некому и самиот чин на простување и наоѓање мир изгледа преголемо. Знам.

Простувањето е огромна земја за оние кои бараат правда. Самата помисла да пуштите некој неказнето да пројде прави да ни се лоши. Сакаме да се одмаздиме, да ги израмниме сметките. Сакаме да ја почувствуваат тежината на тоа што ни го направиле.

Простувањето делува како најголемото предавство на самиот себе. Едноставно не сакаш да се откажеш од борбата за правда после тоа што ти се случило. Лутината се прелева во тебе, пумпајќи отров во твојот систем. Го знаеш тоа, но не можеш да се ослободиш од тоа. Лутината е дел од тебе, исто како и твојата глава, срце и бели дробови. Го знам чувството.

Но, финтата со лутината е што е инструментално чувство. Ние остануваме лути затоа што сакаме правда. Затоа што мислиме дека лутината е корисна. Затоа што претпоставуваме дека колку повеќе сме лути, толку повеќе промена ќе можеме да направиме. Лутината не сфаќа дека минатото завршило и дека штетата е направена. Лутината ви кажува дека одмаздата ќе ги поправи работите. Лутината е на страната на правдата.

Само што правдата којашто ја бараме и сакаме не е секогаш реална. Останувањето лут е како постојано да оставате отворена рана, затоа што мислите дека ако ја оставите раната отворена, никогаш нема да добиете лузна.

Вистината за лутината е дека таа не е ништо повеќе од одбивање да заздравите, затоа што се плашите. Затоа што се плашите од тоа кои ќе бидете откако раните ќе се затворат и ќе морате да продолжите да живеете во вашата нова, непозната кожа. Вие сакате да се врати вашата стара кожа. И така лутината ви кажува да оставите раната да продолжи со крварење.

Кога сте во таква состојба, простувањето делува невозможно. Сакаме да се случи тоа, затоа што рационално гледано, знаеме дека тоа е најздравиот избор. Ние го сакаме мирот кој простувањето го нуди. Го сакаме ослободувањето. Сакаме лудилото во нашиот ум да се стиши, а сепак не можеме да најдеме начин како да стигнеме таму.

Затоа што никој не ви кажува една работа за простувањето: Тоа нема да поправи ништо. Простувањето не е гума која може да ја избрише болката којашто сте ја почувствувале. Не може да уништи болката со којашто сте живееле и не може да ви даде инстантен мир. Наоѓањето мир е долга и тешка битка. Простувањето е нешто што ви помага да го издржите сето тоа.

Простувањето значи откажување од различно минато. Значи дека знаејќи дека минатото е завршено, прашината паднала и штетата којашто е направена никогаш нема да може да се реконструира и ништо нема да може да биде како претходно. Простувањето значи прифаќање дека не постои магично решение за штетата којашто е направена. Простувањето е сфаќање дека колку и да не бил фер тој ураган, сепак морате да