Можам да поднесам многу работи. Кога паѓам, секогаш станувам. Кога ќе ме разочараат, лесно продолжувам понатаму.

Не сум слаба, но ти правиш да се чувствувам како да немам цврста потпора на која можам да стојам.

Ти правиш да се чувствувам безвредно, несакано и правиш да ми е срам што имам чувство и што те сакам.

Ако не ме сакаш тогаш престани да ме влечеш за нос.

Прекини да глумиш.

Повеќе не сум мало дете. Не ми треба да ја разубавуваш вистината само за ти да изгледаш подобро.

Како и да заврши ова, јас ќе бидам океј. И попатно научив дека без оглед на тоа колку силно се трудиш, без оглед на тоа колку силно сакаш, не можеш да ги поправиш луѓето.

Затоа повеќе не ми е гајле.

Ако ме сакаш, почни да ми го покажуваш тоа и натерај ме да поверувам во тоа.

Затоа што повеќе нема да дозволам да си играш мајтап со мене и нема да дозволам да правиш да се чувствувам лудо затоа што сакам да бидам со тебе.

Ако ме сакаш, кажи ми.

Ако не, тогаш тргни ми се од патот за да можам да го дадам моето срце на некој кој вреди.