Ако мажот не може да се помири со вашето минато: Тоа кажува многу за него, а не за вас!

Денот кога ќе го пронајдете вистинскиот маж не е денот на вашето раѓање. Тоа значи дека во вашата врска ќе внесете куфер кој е полн со вашите претходни искуства. Зрелиот партнер ќе го прифати вашето минато и тоа без осудувања. Ќе поставува прашања, но се ќе биде заборавено после некое време. Среќните парови така можат да одат напред, кон подобра иднина.

За жал, сите мажи не се зрели. Некои се несигурни или премногу себични за да го прифатат фактот дека тие не се вашата прва љубов. Човекот со кој сте во врска не е првиот со кого сте имале секс, па што?

Кога мажот ќе почне да ја осудува жената поради нејзиното минато, тоа не кажува ништо за жената, но кажува се за него и неговиот став.

Што кажува тоа за мажот?

Незрел е. Не може да се носи со фактот дека неговата девојка може да има поголемо сексуално искуство од него.

Има двојни стандарди. Можеби бил женкар, но вие мора да бидете недопрена жена.

Се плаши од притисокот на јавноста. Што ќе кажат неговите пријатели?

Тој едноставно не може да прифати таква жена за сериозно. Мора да се промени само за него и да биде чиста и невина, но како е тоа возможно ако тој не и е прв?

Наивен е. Ако жената е невина или имала само еден љубовник, тоа не значи дека нема да го изневерува. Чистото минато не е гаранција за верност.

Зборувам за факти, за тоа дека  секоја жена заслужува шанса. Ако навистина мажот сака да го вреднува моралот на жената, нека ја процени според нејзиниот сегашен настап. Дали таа сега го изневерува? Дали го лаже? Дали се преправа дека е нешто што не е? Во тој случај таа заслужува осуда затоа што му дава погрешна слика за себе.

Но, ако таа е искрена, верна и игра чесно, а мажот и понатаму ја проценува според минатото и не сака да се ослободи од тоа што било, тогаш тој е идиот. Тогаш тој е оној кој живее во минатото,  а не таа. Ако таа е подготвена да заборави на минатото и да продолжи понатму, зошто тој ја спречува во тоа?

Некои мажи живеат во големи заблуди. Тие мислат дека ако жената била сама во минатото, ако никогаш немала маж, ќе биде добра сопруга затоа што е чиста и невина. Тоа е болест на егото, затоа што таков маж сака да биде прва љубов на жената во моментот кога таа е зрела за да води љубов. 

Тој сака да биде тој кој ќе ја научи на се, а како ќе се натпреварува ако веќе некој друг ја научил и можеби таа знае повеќе затоа што имала повеќе искуство? Тоа е товарот на таквите машки, комплексите кои ќе ги лечи на жената, затоа што таа потклекнала на искушенијата и го дала своето тело на некој друг, а не го чекала него. 

Најголемата конкуренција во вашата врска е невидливата конкуренција, односно ако сте со маж кој себеси си зацртал дека мора да биде вашиот прв љубовник. Ако не е ваш прв љубовник, тогаш нема да може да ја поднесе помислата дека сте биле со друг пред него. 

Со таков став нема да имате шанси да ја добиете играта, затоа што несигурниот маж е врзан за минатото. Но, тој заборава еден важен момент, а тоа е дека ве добил вас, дека вие сте се одлучиле за него, а не за некој фраер од вашето минато. 

Ако тој не гледа зошто сте се одлучиле за него и понатаму тврдоглаво ги потенцира грешките од вашето минато, тогаш и тој нека стане историја.

Секоја жена има своја граница на толеранција. Некои повеќе, некои помалку, но заедничко е тоа што нема да трпат осудување за работи кои не можат да ги променат.