Ако љубиш – љуби, ако не – оди во бестрага...

Можеби сте чуле за Петар Мамонов како еден од најпознатите руски рок музичари, кој се откажа од таа кариера и сега е глумец и земјоделец. Тој е најпознат по својот феноменален руски филм „Остров“ од 2006 година. Денес ретко го напушта селото кое се наоѓа во близина на Москва, во кое веќе 17 години живее со својата сопруга и се занимава со земјоделство.

Неговите животни правила се јасни и тој живее за да живее, а не за да се допадне некому.

Затоа можеби и ние треба да се замислиме за неговите животни правила и можеби и да примениме некои од нив:

Не ги навредувајте луѓето и не им се лутете на другите.

Кажете „Те сакам“ дури и кога не сте сосема сигурни во тоа. Често кажувајте ги овие зборови.

Што почесто допирајте ја личноста која ја сакате.

Секогаш гледајте го соговорникот во очи.

Не се плашете од промени, ама немојте ниту да копнеете по нив.

Правете компромиси.

Од секој настан правете празник.

Никогаш не ги навредувајте другите и не носете судови за туѓиот вкус.

Заспивајте со насмевка.

Секогаш честитајте им го роденденот на своите пријатели.

Самите создавајте ги подароците.

Јавувајте им се на родителите во секоја можна прилика.

Насмевнувајте си се себеси кога ќе се видите во огледало.

Не се плашете дека ќе изгледате смешно.

Незнаењето и сиромаштијата не ги гледајте како пороци.

Не ги учете другите што да прават во својот живот.

Водете дневник.

Животот воопшто не е одморалиште.

Споделете го вашето знаење.

Мислете на саканите луѓе.

Ако носите брада – избричете се, ако не – пуштете да расте. Менувајте се.

Прекршете ги правилата.

Бидете тоа што сте.

Не гледајте телевизија.

Дозволете им на другите да се грижат за вас.

Во секоја ситуација трудете се да ја најдете светлата страна.

Споделете го задоволството на гледање филмови и слушање музика.

Имајте секс само со личноста која ја сакате.

Не се срамете од своите младешки стихови.

Не се плашете од смртта, но внимавајте да не ги изгубите најмилите. Не се плашете од ништо друго.

Бидете немарни кон сѐ, освен кон децата.

Воодушевувајте му се на светот.

Верувајте во себе.

Кога одите на одмор исклучете го телефонот.

Секогаш велете: „Благодарам.“

Чувајте ги луѓето кои ги сакате.

Бидете најдобри кон саканата личност.

Никогаш не го омаловажувајте она што сте го правеле и не го критикувајте изборот на другите луѓе.

Секогаш интересирајте се за членовите на семејството и блиските луѓе.

Не губете време на луѓе на кои не сте им важни.

Не ги лажете родителите и докторите.

Научете да живеете без каења.

Не зборувајте лошо за другите.

Денес размислете за тоа да усвоите барем едно ново правило. Послужете се со наведените.