Ако ја сакаш – не ја уништувај!

Знам дека ја сакаш. Ако не ја сакаше, немаше да бидеш со неа. Но, со оглед на тоа дека ти си само едно човечко битие со променливи чувства, можеби ќе ја сакаш на погрешен начин. Здрава и среќна врска лесно може да се претвори во деструктивна врска, особено ако се однесуваш кон неа лошо. Сепак, се надевам дека ќе се обидеш да ја сакаш на правилен начин.

Сакам да се сетиш на првиот пат кога ја здогледа, кога таа беше олицетворение на сите твои копнежи. Можеби тоа била нејзината убавина, нејзината дива природа, нејзината смисла за хумор или нејзината независност, но во неа ти го пронајде она што не си го пронашол во ниту една девојка пред неа. А она што највеќе те освои беше нејзината енергија.

Ако ја сакаш, сакај ја на овој начин. Чувај ја нејзината убавина, нејзината енергија и срце. Таа е господарка на сопствената судбина, но сакам да знаеш колку важна улога играш во нејзиниот живот. Начинот на кој се однесуваш кон неа го одредува начинот на кој таа се доживува себеси – можеш да направиш очите да ѝ блескаат, но можеш да направиш и да се чувствува изгубено. Таа е скулптура во твоите раце и само се надева дека ќе бидеш грижлив и внимателен со неа.

Ако ја сакаш, не ја уништувај. Треба да знаеш дека таа претходно била повредена и не сака повторно да ѝ се случи тоа. Ако е со тебе, треба да знаеш дека таа ги победила стравовите и несигурностите за да биде со тебе. Го занемарила нејзиното минато и одлучила да ѝ даде уште една шанса на љубовта. Таа ти ја дала својата доверба и своето срце. Немој да ги изневериш.

Таа не е книга која има крај. Таа е нешто што допрво треба да се открие. Биди присутен во сегашноста. Ништо не ја уништува повеќе од емоционалното отсуство. Можеш цел ден да седиш со неа, а всушност со мислите да бидеш на друго место. Стимулирај ги нејзините мисли, чувства и нежно битие. Нурни во нејзината душа како што би нурнал во океанот. Треба да знаеш дека ќе ја скршиш ако некогаш почувствува дека не ја сакаш. Ќе го уништиш секој дел од неа ако сфати дека сакаш да бидеш со неа само кога си осамен. Таа ја сака твојата љубов во сите животни моменти, а не само кога ти си преплавен со стравови и несигурности.

Таа не сака да ја поправаш. Таа можеби ти го отворила твоето срце и ти кажала сѐ, но не ти го кажала тоа за да ја поправаш, туку за да ја запознаеш. Не се однесувај со неа како да е скршена жена. Таа е целосна таква каква што е. Сакај ја таква каква што е. Помогни ѝ да сфати дека сите тие лоши работи ѝ се случиле за да може да ги цени добрите работи во животот. Ако ја сакаш, сакај ја со сите нејзини мани и несигурности.

Кога е со тебе, таа сака да биде онаква каква што се гледа во огледало: луда, дива и слободна. Ако не си подготвен да ја прифатиш онаква каква што е – тоа ќе ја уништи.

Ако ја сакаш, поддржи ја, затоа што и таа ќе го направи истото за тебе.

Двојно ќе те награди за секој труд кој ќе го вложиш. Ако ѝ ја покажеш месечината, таа ќе ти ја покаже целата галаксија. Ако добро се однесуваш, таа уште повеќе ќе те сакаш. Ако ја сакаш на правилен начин, таа никогаш нема да те заборави.