Руми е еден од најпознатите поети на сите времиња. Неговите стихови се пренесувале низ вековите и денес имаме можност да уживаме во неговите мудрости. Имено, помеѓу останатите се споделува и оваа интересна анегдота која ја покажува неговата мудрост поради кој е еден од најпочитуваните!

Еднаш еден ученик на Руми му поставил интересни прашања, а Руми дал уште поинтересни одговори...

Што е отров?

Се што е повеќе од тоа што нам ни е потребно е Отров. Тоа може да биде моќ, богатство, глад, его, алчност, мрзливост, амбиција, омраза или што било друго.

Што е страв?

Неприфаќањето на неизвесноста. Ако ја прифатиме неизвесноста, таа станува авантура.

Што е завист?

Неприфаќањето на доброто во другите. Ако го прифатиме тоа станува инспирација.

Што е лутина?

Неприфаќање на работите кои се надвор од нашата контрола. Ако ги прифатиме тоа станува толеранција.

Што е омраза?

Неприфаќање на личноста онаква каквашто е. Ако безусловно ја прифатиме личноста, тоа станува љубов.