Ако допрва ќе одите во Грција на одмор, ова мора да го знаете- цените се зголемени и до 30 отсто

Туристите што годинава заминаа на летување во Грција, велат дека цените во рестираните и плажите се поскапи за 30 проценти. Според нив, поскапување има и на пијалоците, храната и лежалките за на плажа. 

Едно семејство од Скопје за порталот еМагазин вели дека секоја година ја посетуваат Грција во текот на летото, но оваа година забележале зголемување на цените. “Потрошивме повеќе пари од вообичаено, а ги имаме истите потрошувачки навики како и претходните години“.  

Извесно покачување на цените е забележано и на островите па така, на пример во јуни, одморот на некои од нив чинеше како во полн ек на сезона. Едно друго семејство од Македонија за десет дена во јуни потрошиле околу 1.000 евра, што е скапо за одмор вон сезона. 

Иако од туристичките агенции не најавија поскапување на аранжманите, сепак поскапување има и кај апартманското сместување. Така, ако приватно сместување можело да се најде за 350 евра, сега истото чини од 500 евра па нагоре. 

Цените во Грција се зголемија од лани па наваму кога владата донесе одлука да го зголеми ДДВ-то од 23 на 24 проценти.

 

Извор:емагазин.мк