Акција за собирање кабаст отпад во општина Кисела Вода

Јавното претпријатие „Комунална хигиена” и општина Кисела Вода во петок и во сабота од 7 до 11 часот ќе спроведат акција за собирање кабаст отпад.

В петок акцијата ќе се спроведува во урбаните заедници „Кисела Вода“, „Расадник“, „11-ти Октомври бараки“, „Бобан Трпков“ – населба Драчево и во месните заедници „Пинтија“, во село Драчево, Усје и Градинар, Припор – улица „Христо Татарчев“ – до месната заедница Припор, месност Бабин дол, последна станица на автобусот со број 24.

Акцијата в сабота ќе се спроведува во урбаните заедници „Цветан Димов“, „Бирарија“, „Црниче“, „Пржино“ и „11-ти Октомври згради“.

Општина Кисела Вода апелира граѓаните да го одложуваат отпадот во точно предвидените термини пред своите домовите и пред колективните згради на пошироките улици. Кабастиот отпад да не го попречува движењето на пешаците и возилата и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.