Во петок и сабота општина Гази Баба во соработка со ЈП Комунална хигиена ќе спроведат акција за собирање на кабаст отпад

Во петок акцијата ќе се спроведе во Железара, Автокоманда и Керамидница, а сабота во Триангла, Маџари и Ченто.

Под кабаст отпад се подразбира делови од мебел, бела техника, електронски апарати, но не и градежен шут.

Граѓаните кабастиот отпад треба да го изнесат најдоцна до 10 часот, доколку овој термин не се почитува, отпадот нема да биде подигнат.