Акција за поткастрување на гранки што се надвиснати над улиците и пречат во движењето на автобусите

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ во координација со ЈСП од утре (18.06.2019 година, вторник) ќе работат на поткастрување на гранките што се надвиснати над улиците и пречат во движењето на автобусите.

Со оваа акција ќе бидат опфатени линиите 2, 3, 4, 5, 7, 8, 9, 16, 10 и 57.

Истовремено, ќе бидат поткаструвани и гранките над пешачките и велосипедските патеки, а ќе бидат исечени и суви дрвја што се наоѓаат на посочените траси.