Акција за кабаст отпад во Аеродром, собрани 50 кубни метри

Педесет метри кубни кабаст отпад е собран викендов во акција што беше реализирана во Општина Аеродром.

Акцијата, како што соопштија од Општина Аеродром,  што се одвиваше речиси на целата територија на Општина Аеродром им овозможи на граѓаните да се ослободат од стар и неупотреблив мебел и електрични и електронски апарати од домаќинствата.

Исто така, постои можност ваква услуга граѓаните да добијат и во други денови со одреден надомест, за што подетални информации може да се добијат на дежурниот телефон 0800 222 33.