Акција за чистење на Средно Водно

Акција за чистење на Средно Водно ќе се одржи денеска напладне во организација на Движењето за едукација и унапредување на дијалогот ЛЕАД.

Покрај расчистување на планината, акцијата има  цел и да зголеми свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина.

Најавено е учество на 15-ина волонтери кои ќе носат маици со слоганот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“.

Проектот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“ е поддржан од програмата Цивика Мобилитас, на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација. Проектот е поддржан и од Секторот за зачувување на животната средина на Град Скопје.