Акција за чистење на отпадот кај Центарот за зависности

Општина Кисела Вода во соработка со невладините организации ХОПС и „Доверба“ спроведе голема акција за расчистување на отпадот одложен кај Центарот за зависности.

– Сезонските работници на општината извршија целосно расчитување на комуналниот отпад, додека членовите на невладините организации го исчистија медицинскиот отпад, соопшти прес-службата на Општина Кисела Вода.

Во соопштението се наведува дека локалната самоуправа продолжува со редовните активности за одржување на јавните површини на својата територија.