Акција со предупредување: Паркирањето на овој автомобил е недговорно!

Единицата за брзи артивистички акции опомена стотина несовесно паркирани возачи во Скопје, ставајќи налепници ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! / паркирањето на овој автомобил е нодговорно / Ве молиме следниот пат паркирајте одговорно. За ноќните неодговорни возачи обезбедивме и трепкачко светло!

Живееме во состојба на алармантна урбана некултура: сообраќаен хаос, непочитување на сообраќајни прописи, недостаток на услови за непречено и безбедно движење со велосипеди и пешаци , непрописно паркирање... 

Причините за ваквата неодговорноста на граѓаните кон овие состојби се многубројни, но останува фактот дека тоа што најмногу недостасува е немањето свесност и совесност за заедничко живеење и функционирање во еден град и потребата за индивидуална и општествена одговорност. 

Во недостаток на сериозен акциски план за решавање на овие проблеми сметаме дека како единица ја имаме таа општествена одговорност да реагираме на овие процеси и сметаме дека со оваа акција можеме да допринесеме кон подобрување на состојбите во урбана култура. 

Налепниците за неправилно паркирани коли се директна акција кон луѓето кои ги кршат правилата.