Акција на комуналната инспекција и полицијата: Фатено лице како краде бакар

Едно лице е фатено како пали електрични кабли со цел да се извади бакарот за продажба во денешната акцијата на комуналната инспекција на општина Гази Баба и Министерството за внатрешни работи. 

Како што соопшти општина Гази Баба, лицето ќе биде соодветно санкционирано според Законот за јавна чистота.

- Акцијата во населеното место Вардариште изминатиов период е најчесто контролирано место од општинската комунална инспекција со цел намалување на ризикот од потенцијално загадување на воздухот од спалување отпад, се вели во соопштението од општина Гази Баба. 

На оваа локација, во непосредна близина на поранешната градска депонија Вардариште има ромско население во субстандардни услови кои спалуваат гуми и пластични материјали за загревање.