АХВ: Јајцата во Македонија се безбедни за јадење

Токсчините јајца од Холандија пронајдени и во источна Европа. Жителите во паника. Европската комисија закажа вонреден состанок на 26 септември за да се стави крај на препукувањата меѓу европските земји за тоа кој е виновен за појавата на  јајцата со фипронил, хемија која е штетна за луѓето. 

Контаминираните јајца се пронајдени во најмалку 11 земји членки на ЕУ. Во источна Европа во Словачка, Полска , Романија. Словачките ветеринарни инспектори пронашле 20 пакувања со јајца загадени од фипронил. Големи количини се регистрирани и во Романија , а во Хрватска веќе се повлекуваат јајцата со потекло од Холандија. Се појавиле и во Швајцарија и Хон Конг. Во овие две земји се увезени од Германија, Франција, Белгија и Холандија земји каде биле регистрани фарми со  големи колични на фипронил.

Bo Холандија уапсени се двајца осомничени директори од компанијата Чикендфренд за нелегално користење на штетен инсектицид во живинарската индустрија. Оваа компанија е во центарот на скандалот со јајцата.

Деновиве милиони јајца се повлечени од европските маркети поради стравување дека во нив има фипронил.

Од агенцијата за храна и ветеринарство во земјава пак посочија дека во Макеоднија нема место за паника. На пазарите кај нас нема токсични јајца од Холандија. Во послендиот период единствениот увоз бил направен од Србија.

Поради целиот скандал во Холандија можно е да бидат уништени стотици илјади кокошки.

Фипронилот најчесто се користи за уништување на болви вошки и крлежи кај животните но од ЕУ е забранет за употреба во прехрамбената индустрија.