Аголи се исправи пред Телеком

Во центарот на Скопје, во близина на зградата „Телеком“ е поставен споменикот на албанскиот деец Неџат Аголи, кој е еден од тројцата албански дејци, чиј споменик требаше да биде поставен во рамки на проектот „Скопје 2014“. 

За одржување на овој споменик ќе се грижи Град Скопје, бидејќи општина Центар се откажа од одржување на спомениците кои се дел од проектот „Скопје 2014“.

Инаку, минатиот месец, прв беше поставен споменикот на Пјетр Богдани во Жена парк, спроти Собранието, додека споменикот на Јосиф Багери во близина на новиот Македонски театар.

Неџат Аголи бил адвокат и заменик – претседател на Владата на Социјалистичка Република Македонија по Втората светска војна. Одлуката за поставување на овие споменици беше донесена во 2010 година од општина Центар, во рамките на проектот „Скопје 2014“. Министерството за локална самоуправа, со владина одлука  беше овластено да ги пренесе спомениците од Италија и да ја координира работата за нивното поставување.