Агенда: Овој викенд настани кои ретко се случуваат во Скопје

Викендот е пред нас според меторлозите времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. . Доколку се уште не сте испланирале каде ќе го поминeте вашето слободно време еве неколку интересни настани кој се закажани викендов во Скопје:

LEGO® фестивал во Skopje City Mall

Ексклузивно во Skopje City Mall, започнувајќи од утре па сѐ до 26.03 посетители од сите возрасти ќе имаат можност да го посетат LEGO® фестивалот и да ја почувствуваат LEGO магијата и светот на LEGO коцките.

“Ова е наша 5-та успешна година и затоа одлучивме да ја започнеме со едно интересно искуство и во знак на благодарност на нашите верни посетители да им понудиме настан од ваков тип – интернационален фестивал кој е под франшиза на The LEGO Group. Ќе бидат прикажани над 20 LEGO® фигури, децата ќе можат да играат во 5 LEGO® зони, а најголема атракција ќе бидат 8те LEGO® глави кои се изработени од LEGO® сертифицираниот професионалец Дирк Дeнојл (од вкупно 15 во светот). Да сумирам, ова ќе биде најатрактивниот настан за сите генерации кој некогаш се реализирал во нашата држава, кој воедно ќе придонесе за доближување на нашата детска култура до европските трендови.“ - вели Дарко Панчевски од Skopje City Mall.

LEGO® производите постојано се пренесуваат од една генерација на друга, поттикнувајќи ја креативноста и фантазијата на децата и возрасните ширум светот. На овој фестивал сите ќе можат да уживаат и да го разбудат детето во себе со овие безвременски играчки, а воедно ќе можат да ја изразат бујната имагинација преку различни работилници и натпревари. Организацијата на овој настан ја поддржаа Лајка Мобајл, ЕВН и КРШ Тојс.

Женско авто рели во Автокоманда

На паркингот до плоштадот во населба Автокоманда, во сабота од 10:00 до 14:00 часот ќе се одржи традиционално мартовско женско авто рели.

Женското авто рели е во организација на општина Гази Баба и АКК Примо АВЈ.

Детски викенд во МОБ: „Операта на шумските животни“

Македонската опера и балет ја информира јавноста дека МОБ продолжува со т.н. Детски викенд. Викедот кој ни предстои (сабота и недела, 04. и 05.03.2016 г), на малата сцена во МОБ ќе биде изведена детската претстава „Операта на шумските животни“ во два термини, од 12.00 и 13.30 часот.

Сценариото на оваа музичко-сценска претстава има за цел да ја запознае, едуцира најмладата публика примарно со поимите во однос на оперската уметност, а воедно и со композитори, оперски пеачи, солисти, режисер, хор и сценарист. Сценариото изобилува со многу комични моменти кои се случуваат додека шумските животни се обидуваат да создадат оперска претстава.

Музичкиот дел е исполнет со популарни арии од оперите: „Кармен“, „Палјачи“, „Аида“, „Травијата“, „Рита“ и многу други арии и инструментални композиции кои се со адаптиран текст во својство на сценариото.

Сценариото и режијата се на Десанка Глигоријевиќ.

Куп Скопје 2017 и 4-та Изложба на макети, диорами и минијатури

Како и минатата година и оваа година во периодот од 3-ти до 5-ти Март, макетарскиот клуб “Мајор Михајло Ивановски – Микс” организира изложба на макети, диорами и минијатури! Изложбата веќе трета година по ред ќе се одвива во просториите на Домот на АРМ!

Овој настан како и минатите два (2015-тата и 2016-тата година) ќе имаат интернационален карактер, а по минатогодишниот голем успех, членовите на клубот решија оваа година за првпат да се оддржи и натпревар во макетарство.

Во најава се клубови и поединци од Србија, Хрватска, Бугарија и Грција! Според најавите оваа година се надеваме и на поголемо медиумско покривање на настанот, а воедно расте и бројот на спонзори, што укажува дека настанот веќе е општествено прифатен и како таков ветува голем успех во иднина!

Посетителите ќе можат да се запознаат со светот на минијатурата преку делата на домашните и странските изложувачи, како и во директна комуникација со учесниците и членовите на клубот! Очекувањата се огромни, особено во делот на остварување поблиска соработка со образовните институции каде најмладите ќе можат директно да се запознаат со ова благородно хоби!

Агендата на настанот предвидува следни активности во следниве термини:

1. Свечено отворање Март 3-ти, 20:00 часот,

 2. Изложба, Март 4-ти во периодот од 11:00 чаот до 20:00 часот,                                                        

3. Изложба, Март 5-ти во период од 09:00 часот до 16:00 часот,                                                        

4. Натпревар во макетарство, Март 5-тиво период: од 09:00 часот до 11:00 часот пријавување на макетите;  од 11:00 часот до 14:00 часот судење; во 16:00 часот затворање на изложбата и натпреварот со доделување на награди за најуспешните!

Солидарен базар за поддршка на еднородителските семејства

По повод 8-ми Март - Денот на жената, од 3-ти до 7-ми март во Скопје Сити Мол ќе се одржи солидарен базар во организација на Здружението за еднородителски семејства „Една Може!“, на кој ќе можат да се купат рачни изработки, уметнички дела и природна козметика изработени од членките на здружението. Купувајќи некој од производите се вреднува и поддржува трудот на членовите на оваа организација.

Здружението „Една може!“ (One can!) е доброволно, непрофитно, невладино, и непартиско здружение на граѓанки, самоиницијативно формирано со слободно здружување заради остварување на севкупна општествена грижа и третман на еднородителските семејни заедници и остварување на нивните економски, социјални, хуманитарни, здравствени, образовни и културни права.
„Согледувајќи ги потребите на членките и членовите на еднородителските семејства во земјава, се обединивме, си ја создадовме One can!, група за самопомош, пред неколку години, а во мај 2016. оформивме официјално Здружение за унапредување на правата на еднородителските семејства во земјава, Една може! – Скопје. Ова е пластичен пример за она што значи женска солидарност, а Скопје Сити Мол ни излезе во пресрет и стана дел од креирањето на посреќни приказни за еднородителските семејства во земјата“, вели Дороти Пачкова-претседател на здружението.

Претставникот од Скопје Сити Мол кој го поддржа овој базар ги повика сите граѓани да го посетат и да купат некој од производите.
„Со тоа ќе покажеме голема свест и респект кон различностите, особено кон жената како столб на семејството. Токму оваа порака сакаме да ја испратиме по повод Денот на жената“, вели Дарко Панчевски од Скопје Сити Мол.

Оливер и Џибони најавуваат вечер на емоции и незаборавни рефрени!

На 4 март доаѓаат две големи музички легенди, кои за првпат ќе имаат заеднички концерт во Скопје. Заедничкиот неколкучасовен музички спектакл на Оливер Драгоевиќ и Златан Стипишиќ–Џибони е закажан во „ВИП Арената Борис Трајковски“, а билетите веќе се пуштени во продажба.

Двајцата великани на хрватската музичка сцена во Скопје доаѓаат во склоп на турнејата во чии рамки ја претставуваат својата „Фамилија”, заеднички материјал снимен и инспириран од нивни животни приказни и случки.