За градот
29. октомври 2016 - 9:35

Агенда: Овој викенд настани кои ретко се случуваат во Скопје

Викендот е пред нас според меторлозите времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. . Доколку се уште не сте испланирале каде ќе го поминeте вашето слободно време еве неколку интересни настани кој се закажани викендов во Скопје:

30 години од првата полноќна забава во Скопје

Најголемиот Јубилеј 30 Години од првата полноќна забава во Скопје и Македонија која го смени целокупниот ноќен живот на младите во Скопје и Македонија пред 30 години.

Во далечната 1986 година октомври месец се случи оваа антологиска забава во дискотеката "Огниште" тогашниот Гранд Хотел,денешен Holiady Inn ,која го промени целкупниот живот на младите во Скопје и Македонија.Полноќната забава е пресвртница на целокупното угостителство во Македонија.

Од тогаш па се до денес ,сите угостителски објекти работат после 23 часот.Ќе имат настап или продефилираат најдобрите диск џокеи од 70-те,80-те, и 90-те години од 20-тиот век.Сите ретро диск џокеи кои ќе настапат Ретро Забавата .

Можеби така ќе почне срцето на градот да бие посилно и така ќе се врати динамиката.Духот ќе донесе нови насмевки, а насмевките ќе донесат нова енергија на Скопје.

Влезниците и VIP Пакетите се во продажба во:ЈУГОТОН,РОЗЕ ВЕРО 2 и on line на www.mktickets.mk ,побрзајте набавете си ги своите влезници ,бидејки се во ограничен број.

На 29 октовмри ,сабота навечер во Метрополис Арена со почеток од 21 часот.

Жељко Самарџиќ во Карпош

Општина Карпош има огромна чест и задоволство по повод јубилејниот 40-ти роденден на Општината, да Ве покани на концерт на мегапопуларниот Жељко Самарџиќ.

Ве чекаме на добра забава на Плоштад „Делфина“, во сабота (29.10.2016), со почеток во 20.00 часот.

„Вегефест“ на „Анима Мунди“ 

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ информира дека в недела од 10 часот почнува петти по ред „Вегефест“  – фестивал кој повикува на хуманост, сочувство, совесност и правичност кон секое живо битие.

„Преку овој фестивал со кој се бориме против експлоатација и дискриминација на животните, со кој промовираме здрави, еколошки прифатливи и морално исправни принципи и начин на живеење“, се наведува во соопштението.

„Вегефест“ ќе се оддржи во Младинскиот културен центар во Скопје, а ќе се одржи под мотото „Свет без насилство е можен, ние може да живееме и поинаку“.

„Свет без насилство е можен, а револуцијата за правата на животните започнува од принципите и животните навики на секој поединец - тоа е основната порака која целиме да ја пренесеме. Со „Вегафест“ се обраќаме на совеста на сите, повикуваме на сочувствителност, хуманост и разум, повикуваме да му дадете шанса на животниот стил без насилство, почнувајќи од својата исхрана. Со овие мали чекори можеме да направиме големи и значајни промени за подобро на сите: животните, луѓето, екосистемот и планетата земја. Нашиот апел до секој еден е да не биде пасивен конзумент и да го бојкотира и осуди насилството врз животните со тоа што ќе и даде шанса на веге исхраната“, соопшти „Анима МУнди“.

Програма на закажани забави во ноќните клубови и дискотеки.