АГЕНДА: Каде да се шетате викендов?

 „Баскерфест“

Над 50-тина баскер изведувачи од светот, акробати, жонглери, танчери, магионичари, кловнови и музичари се дел од програмата на 12. издание на фестивалот „Баскерфест“ што од вчера  до 25 јуни ќе се одржува во Скопје.

Покрај улични артисти и жива музика, посетителите ќе може да уживаат во претстави, пантомима перформанси, улични танчери, креативни работилници, ликовни изложби, базар на ракотворби и работилници со артисти.

Манифестацијата се одржува на три локации на плоштадот „Македонија“.

„Вино фест 2017“

Познати музички имиња од земјава, атрактивни бендови од странство, аниматори, жонглери и улични артисти, заедно со најквалитетните вина на винарниците од земјава, ќе бидат дел од големиот настан Вино фест 2017, кој започнa на 14 јуни 2017 и ќе трае до 18 јуни на локацијата на отворениот паркинг пред Џамбо-Веро центарот во Скопје.

Останатите културни и забавни настани погледнете ги ОВДЕ.