Африкански пингвини наскоро ќе пристигнат во зоолошка градина

Со поддршка на Град Скопје се забрзува градењето на живеалиштето за овие ретки птици коe ќе биде направено според сите светски стандарди.

Скопската зоолошка градина наскоро ќе добие уште една атракција и радост за сите посетители.

Африканските пингвини, може да се најдат по должината на јужниот дел на истоимениот континент. Со не повеќе од 70 см височина, овие лесни птици одат и пливаат околу брегот на Јужна Африка, упатувајќи се кон познати ловни места за да фатат риба за исхрана.