Акционерскиото Дриштво  „Аеродроми на Македонија“ Скопје, објави оглас за вработување 5 лица на неопределено време. 

Со огласот се бараат: шеф на кабинет, самостоен референт за маркетинг, самостоен референт за контрола на документација за набавки и продажба, возач и курир.  Паричниот износ на основната нето плата за сите работни места е 39. 297денари.

Кандидатите покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнуваат и следните посебни услови. За поизциите шеф на кабинет и референти се бара завршено високи образование, а за останатите 2 места, средно образование. Рокот за пријавување е 5 работни дена од денот на огласувањето, а изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на роког на пријавување.

Пријавата со потребните документи да се достави во архива или по пошта на следната адреса: АД "Аеродроми на Македонија" Скопје, ул "Вељко Влаховиќ" бр. 11 Скопје, П. Фах 413.