Аеродром во моето срце: СДСМ ќе гради бегалски камп во општината

На Фејсбук групата Аеродром во моето срце се појави информација дека СДСМ планира да изгради бегалски камп во општината Аеродром откако ќе ја преземе власта на локалните избори.

Во општината гласно се зборува дека на актуелниот градоначалник на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, од СДСМ ќе му се спротивстави претседателот на општинската организција на СДСМ Златко Марин.

Според последните анкети кои беа објавени изминатите денови рејтингот на Ивица Коневски во Аеродром, кој во моментов го одработува вториот мандат, е значително висок.