Стари и истрошени кадри кои секојдневно очекуваат од општина Аеродром да си ги наплатат долговите кон СДСМ се дел од тимот на градоначалникот Златко Марин. Ова денес го објави фејсбук страната „Аеродром во моето срце“.

Според објавите на фејсбук, Никола Спасов, син на Ѓорги Спасов, сопственик на агенцијата „Рејтинг“ секој ден доаѓа во општината и бара начин како да си ги наплати парите за кампањата, главен и одговорен уредник за навредите и клеветите кон претходното раководство на ошптината.

Цанде Филиповски, главен финансиер на Златко Марин, сега одговорен за тендерите во општина Аеродром, очекува за брзо време да си ги врати вложените средства и да ги стопи средствата од буџетот кој за разлика од другите општини е преполн.

Филип Цанев, секретар на СДСМ во Аеродром, должен е стотици илјади на многу лихвари, се надева на брзо раздолжување преку општината, инаку секој ден во општината дава задолжувања на вработените иако не е вработен и нема никакво решение за работа.

Владимир Стевков, вработен во време на претходното раководство на општината како чувар на спортскиот центар „Ново Лисиче“, сега главен асистент на Златко Марин, иако не е вработен и нема никакво решение во општината тој од канцеларијата на секретарот дели задолженија по вработени.

Ова е сегашното раководство на општината. Па драги аеродромци нека ние господ на помош. Дојде живот во Аеродром, на крајот додава фејсбук страната.