Аеродром вечерва не дише: Загаденоста руши нови рекорди

Скопје вечерва е претворен во град во кој е ризично да непуштаат по домовите. Ситуацијата е најалармантна во скопската населба Аеродром каде загадувањето вечерва руши нови рекорди.  Таму концентрацијата на ПМ10 честички вечерва достигна 642 мг на метар кубен.

Фејсбук страната Аеродром во моето срце вечерва објави статус посветен на загадувањето во општината.

Запамтете Аеродромци, преварантите дојдоа на власт со лажни обвинувања и ветувања, ветуваа чист воздух и гасификација. И после 4 години, ниту воздухот ќе го исчистат, ниту гасификација ќе спроведат, а ние цел мандат нивни додека они крадат, пљачкаат и ништо не работат ќе си дишиме отров, а Аеродром ќе остане најзагаденото место во земјава, напишаа тие на фејсбук.

Секоја година, најмалку 1,4 милиони Европејци умираат заради болести предизвикани од загадување на животната средина, што е 15 проценти од вкупниот број починати на годишно ниво во Европа, се наведува во извештајот што го објави Светската здравствена организација (СЗО).

Околу половина од овие смртни случаи се предизвикани од надворешно загадување на воздухот, како и со загадување на воздухот во затворен простор.