Аеродром ќе добие нова градинка за 200 деца

Наскоро се очекува отворање на уште една детска градинка во Општина Аеродром, поточно во рамки на клонот „Чекорче“ со капацитет за згрижување на повеќе од 200 дечиња.

Објектот ги исполнува сите неопходни стандарди за ваков тип институции и овозможува современи услови за згрижување и престој на деца од претшколска возраст.

Градинката содржи шест големи занимални на приземје и три на катот што значи вкупно 9 занимални, простор за прием, кујна, санитарни јазли, административен простор и подрумски простории и сето тоа на површина од 1.700 квадратни метри.

Ова е втора по ред детска градинка годинава, а трета последниве неколку години. Со нејзиното пуштање во употреба се очекува да се задоволи потребата од поголем капацитет за згрижување на децата, која е реална со оглед на зголемениот број дечиња во Општина Аеродром.