Аеродром е зелениот рај на Скопје (Видео)

Општина Аеродром изминативе години, мешу бројните проекти за разубавување, подобрување на инфраструктурата и урбанизација на општината, активно работеше и на еколошкиот акспект, како и раззеленување на општината.

Со 28 метри квадратни зеленило по глава на жител, Аеродром е три пати над европскиот просек, а освен новите садници и одржување на постојаното зеленило, ова се должи и на десетте нови паркови кои беа изградени во оваа скопска општина.

Во последните две години таму се засадени 50 000 нови дрвца, а за сето зеленило на јавните површини поставен е систем за автоматско наводнување.