Сѐ помалку скопјани решаваат да го кажат судбинско „да“ пред матичар, а трендот на разводи што ја зафати земјава во последниве неколку години е во нагорна линија.Како главни причини за развод досега се сметаа вонбрачните афери и изневерување на брачниот партнер. Но како што се менуваат работите, така луѓето стануваат похрабри да побараат развод кога чувствуваат дека нешто не „штима“.

Во расправа за разводите, адвокатите кои се занимаваат со оваа тематика откриваат кои нешта  мажите и жените по секоја цена се обидуваат да ги скријат за време на бракоразводната парница:

Финансиска состојба

Логично, сопружниците се обидуваат да скријат што поголем дел од парите, како не би изгубиле половина од нив после разводот. Или пак , кога ќе дојде до развод на бракот, се откриваат разни тајни, па така и оние од финансиска природа. Често се случува еден од партнерите да ја има потрошено заедничката заштеда, додека оној другиот живеел со верувањето дека сите пари се на број.

Чудни порно филмови и љубов кон женската облека

Речиси и да не постојат гадости и бизарни работи за кои овие адвокати не се наслушале. Имало и ситуации каде верувале или не, голем број сопруги никогаш не дознаваат дека нивниот животен сопатник љуби да се облекува како жена.

Второ или трето семејство

Постојат и вакви случаи, не само во животинскиот свет. Некои мажи имаат по две, или дури и три семејства, а кои вешто ги кријат едни од други. Тоа се вика добра организација, зар не?