„Адриа ервејс“ привремено ги откажа сите летови од и до Скопје

Словенечката авиокомпанијата „Адриа ервејс“ привремено ги прекинува сите летови од своите бази во Љубљана, Приштина и Тирана, а соодветно на тоа и сите летови до и од аеродромот во Скопје.

Адриа Ервејс ги советува патниците доколу патуваат на 24 и 25 септември задолжително да ги контактираат канцелариите од каде ги купиле авионските билети.

– Причина за привремениот прекин на летовите е последица на моменталната неликвидност на компанијата неопходна за непречено летање. Компанијата работи на изнаоѓање решенија во соработка со потенциален инвеститор. Целта на сите вклучени е Адриа Ервејс повторно да лета и дека прекинот на летовите е навистина привремен. Компанијата длабоко се извинува за ситуацијата на сите патници и партнери, се вели во соопштението од Адриа Ервејс.

Од Адриа Ервејс им препорачуваат на своите патници и партнери да ги следат онлајн соопштенијата на нивната официјална веб страница www.adria.si