Администрацијата ќе се намалува со префрлање во приватниот сектор, владата се уште бара начин како тоа ќе се реализира

Како административците ќе одат  во приватен сектор по сопствена воља или не? Премеирот Заев вели дека се подготвуваат алатки со кои  вработените во администрацијата ќе се мотивраат да заминат во приватните фирми каде има недостиг на кадар.

Ќе им се даде можност по сопствена воља да прифатат подобро платени и поперспективни работни места. Тврди дека бројот на административци за период од две години се намалил за околу 20 илјади лица.  

Министерот Манчевски пак реформата за префрлање на вработени од јавниот во приватниот сектор ја  најави уште лани, но не кажа  како ќе се одвива процесот. Тоа ќе биде утврдено до крајот на годинава. 

Бизнис секторот веќе подолг период алармира дека не може да најде работници поради што трпи нивната работа. Но главно им недостасуваат електричари, машински инженери, градежници, програмери.