АД Европа се приклучи на иницијативата за скратено работно време за родителите по породилно отсуство

Компанијата АД Европа како една од најстарите фабрики за кондиторски производи на Балканот со големо задоволство ја прифати иницијативата за креирање на што подобри услови за своите вработени со што се овозможува дополнителни 3 месеци скратено работно време за родителите кои се враќаат од породилно отсуство.

Вработените во АД Европа кои користеле отсуство поради бременост, раѓање и родителство, во наредните три месеци по завршување на редовните 9 месеци (или 15 месеци за две или повеќе деца) добиваат право за работење со скратено работно време (половина од полното работно време), а притоа им се исплаќа целосен личен доход и ги уживаат сите други привилегии од работниот однос заснован на полно работно време.

Фабрика Европа постои од далечната 1882 година и претставува една голема фамилија со околу 400 вработени од кои над 300 се жени на различна годишна возраст. Компанијата низ историјата е градена врз интегритет и доверба а нејзините успеси се испишани во импресивните 137 години успешно задоволување на барањата на своите купувачи и изнудување на искрени насмевки по само една коцка од највкусната чоколада. Вниманието кое што нашиот тим го посветува во изработката на секој производ јасно се препознава во непогрешливиот вкус и квалитет кој го одржува подолго од било кој друг во регионот. Беспрекорната тимска работа секогаш раѓа нови идеи, големи чекори и резултати кои не прават постојано горди на еден ваков македонски бренд. Секој член од тимот на “Европа” е ценет подеднакво, a поради ефикасната соработка која постои меѓу секторите се охрабрува сечиј успех, развој и цел.

Европа е компанија која остава белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи низ годините пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот што ја издигнува во една стабилна индустриска компанија со производство од над 5.000 тона годишно и пласман на своите производи ширум светот.

Ова е само една од новините кои новиот менаџерски тим успешно ги имплементира во АД Европа и со тоа го најавува модернизирањето на компанијата. Изминатата година билансот на успех забележа значителен раст а тоа е одлика на работењето на целиот тим и заслуга на посветеноста на сите вработени во фабриката. Најавите за осовременување на најслаткиот македонски бренд се сѐ погласни и посериозни и во скоро време се очекува да го изненадат пазарот со комплетно ребрендирање на омилените слатки артикли како и лансирање на нови линии кои се во подготовка и ќе претставуваат вистинска македонска гордост ширум светот.