Абортирав, но никогаш не би го направила тоа повторно...

Изборот беше пеколен: Морав да изберам помеѓу тоа да го задржам детето за кое не можев да се грижам или да се ослободам од него како да не е важно.

Се започна една вечер кога не ми беше добро и мојот менструален циклус ми доцнеше. Решив да направам тест. По некое време, вистината беше откриена.

Во тој момент знаев дека целиот мој живот ќе се преврти наопаку, без оглед на одлуката која ќе ја донесам. Промена на подобро? Промена на полошо? Не знаев.

Бев многу млада, имав само 17 години.

Одлучив да абортирам. Закажав термин. Не беше лесно. Се чувствував како предавник, знаејќи одземам живот на суштество кое може еден ден да биде прекрасен човек.

Анксиозноста ме обзема и ја направи целата работа уште покомплицирана.

По три недели, бев во болничка соба, со многу лекови вов себе и зјапав во неонката. Солзи ми течеа по лицето.

Никогаш нема да го заборавам чувството на празна тага кое ме обзема во моментот кога се разбудив. Бебето го немаше. Во моето стомаче повеќе немаше живот.

Не изговорив ни збор. Не знаев како мојот свет ќе реагира на новостите. Не сакав светот да ме суди за моите грешки. Поминаа повеќе од 2 години. Секојпат кога гледам дете, сфаќам дека моето срце се уште е чувствително на изборот кој го направив.

Како што гледам мали деца кои поминуваат покрај мене, секогаш си замислувам како би изгледало моето дете, каков карактер би имало, со колку другарчиња би се дружело...

Понекогаш се давам во сопствените мисли.

Не би можела двапати да ја донесам истата одлука. Доколку повторно останам трудна, знам дека за мене тоа ќе биде најпрекрасниот и најсреќен подарок на светот.

Кога повторно ќе ја добијам таа шанса, шанса да започнам живот и да отворам ново поглавје во мојата животна книга – нема да се двоумам да ја зграпчам.

 

cheap nike air max 90