95 години од смртта на револуционерот Ѓорче Петров

На 28 јуни, со почеток од 10 часот, во Општина Ѓорче Петров ќе се одбележи 95 годишнината од смрттна револуционерот и патронот на оваа скопска општина. На споменикот лоциран во реонскиот парк, со цел да му оддадат почит цвеќе ќе положат делегација од Општината, Советот на училишта и градинки и делегации од политички партии и невладини организации.

Ѓорче Петров е еден од најсветлите примери за борбата за независна македонска држава, што всушност и го направило потенцијален непријател на оние кои имале други цели и замисли. Поради своите идеи и делувања во рамки на организацијата на ВМРО, тој станува симбол на братоубиствената политика. Загинува во Софија, 1921 година, убиен од страна на платеници испратени од страна на тогашниот највлијателен член, а подоцна и соработник со фашистите, Тодор Александров.

nike air max 1 sale