90 основци од Кисела Вода добија парични награди

90 ученици од основните училишта од скопската Општина Кисела Вода добија парични награди за своите заслуги и достигнувања од областа на спортот, науката, културата и уметноста во текот на изминатата учебна година.

Во рамки на проектот „Општината ги стипендира најдобрите“ поделени се индивидуални награди од по 10 000 денари и 4 награди од 15 000 денари наменети за екипи. Посветеноста и реализацијата на сопствените амбиции кое цели кон поставување на се повисоки цели е она што е потребно да се стимулира кај младите луѓе, смете градоначалничката Билјана Беличанец Алексиќ. Паричните сретства кои општината ви ги доделува денес претставуваат признание на вашите успеси и достигнувања, изјави таа во рамки на доделувањето на наградите.