9 одбрамбени системи на човековото тело

Дали сте знаеле дека растегнувањето го подобрува расположението, дека зевате за малку да си го разладите мозокот?

Телото на човекот е комплекс од бројни биолошки циклуси и ситеми кои често е тешко да се разберат. Целиот организам е составен од силни системи на самоодбрана кои го штитат од штетните влијанија на надворешната средина. Да, веројатно, не ни знаете колку е силно вашето рело и колку силно се бори во текот на сите 24 часа, сите 7 дена во неделата.
За овие 9 работи, веројатно, не сте ни знаеле дека всушност служат за одбрана на вашиот организам.

Зевање
Главната цел на зевањето е да се олади мозокот откако се прегреал или преоптоварил.

Кивање
Обично луѓето киваат кога носните канали ќе им се наполнат со алергени, микроби, прашина или други иритирачки нешта. Кивањето е начин на кој телото се ослободува од овие иритантни материи.

Растегнување
Луѓето инстинктивно се истегнуваат за да го подготват телото за физичка активност и оптоварувањата кои ги очекуваат во текот на денот. Истегнувањето ги зацврстува мускулите, го подобрува дотокот на крв и го подобрува расположението.

Икање
Ако икате не значи дека некој зборува за вас, туку дека пребрзо јадете. Икањето настанува кога пнеумогастричните нерви ќе ги изиритирате со прејадување или голатње големи парчиња храна.

Стресување во сон
Ова се однесува на она чувство кога ќе легнете да спиете и токму во моментот ќе "летнете" и ќе потонете во сон, чувствувате дека телото ви се стресува. Овој феномен настанува затоа што кога ќе почнете да спиете дишењето нагло опаѓа додека пулсот само малку се забавува, а мускулите стануваат поопуштени. Ова мозокот го толкува како навестување за смрт, па се обидува да се спаси така што ви задава удари да се разбудите.

Стуткана кожа
Брчките кои се појавуваат на кожата играат многу важна улога за човековиот организам. Овој феномен настанува зашто телото преголемата влага ја препознава како потенцијално лизгав терен во окружувањето. Кожата на рацете и стапалата тогаш почнува да се менува на начин кој полесно ќе може да се држи на лизгави површини.

Губење на памтењето
Се случува често после еден или неколку непријатни искуства, мозокот се труди буквално да ги избрише сите непријатни сцени од сеќавањето.

Морници по кожата
На тој начин кожата го намалува количеството на топлина кое телото го губи низ порите на кожата. Така го олеснува загревањето на телото во студени климатски услови.

Солзи
Освен што делуваат како заштитна на слузокожата кофа страни тела ќе дојдат во контакт со неа, солзите служат и како инструмент на емоционална одбрана.