9 нови нешта кои можете да ги направите денес

Лесно е да влеземе во навиката постојано да ги правиме истите нешта и да се посветиме на рутината, но правењето нови нешта е неверојатен извор на среќа.

Ова се 9 нови нешта кои можете да почнете да ги правите.

Осигурете се дека сите кои ги сакате го знаат тоа

Дали имате важни луѓе во вашиот живот? Дали тие знаат колку ви значат? Кога последен пат им го кажавте тоа? Потрудете се да го дознаат тоа, да знаат колку ви значат.

Испечатете ги вашите најубави фотографии

Имате преубави фотографии од летото, но тие се на вашиот компјутер или телефон? Одете во најблиското фото студио и развијте ги фотографиите. Ставете ги некаде блиску до вас или чувајте ги за деновите кога ќе сакате да се потсетите на тие убави моменти. Осигурајте се дека тие нема да бидат изгубени и заборавени.

Кажете „да“

Влезете во филмот Yes, Man на Џим Кери и видете што ќе се случи штом се отворите себеси за нови нешта? Дали автоматски велите „не“ на некои работи бидејќи се плашите?

Во ресторан, дозволете им тие да го одберат вашиот оброк

Дозволете им да ве изненадат и да го донесат тоа што сметаат дека би било убаво за вас. Ослободете се од притисокот да морате да избирате. Уживајте!

Дајте искрен комплимент барем на тројца

Потрудете се да бидете позитивни и да давате комплименти кога ќе забележите нешто убаво. Кој не сака комплименти? Тоа ги прави луѓето среќни и им носи насмевка на лицето.

Одлучете се за три желби

Помислете кои три желби би ги посакале доколку имавте дух кој може да ви ги исполни? Што е тоа што го посакувате?

Имајте целосно релаксиран викенд

Самите донесете одлука што ќе правите и не правете ништо што може да ви донесе негативни мисли или чувства. Иако е ова тешко да се практикува постојано, изберете барем еден викенд во месецот кога тој ќе биде потполно релаксиран.

Направете мала пауза од технологијата

Да, сите сме зависни од технологијата и добро е кога сме свесни за тоа. Но, потрудете се по завршувањето на работниот телефон да ги оставите електронските уреди на страна и да уживате на друг начин.

Поминете барем 20 минути гледајќи смешни видеа

Забележете како тоа го подобрува вашето расположение и ви помага да се ослободите од стресот. Практикувајте ја ваквата навика, бидејќи само неколку видеа ќе имаат позитивен ефект на вас.