800 000 евра за секој учесник во Балканската лига

Фудбалските клубови кои ќе учествуваат „Балканската лига“ која е во процес на формирање, ќе добиваат бонус вреден 800 000 евра. 

Како јавуваат „Вечерње новости“, лигата која веќе доби голема поддршка во европската куќа на фудбалот, ќе им префрли на конто на клубовите кои ќе заработат учество во новата лига по 800 000 евра. Лигата би требала да стартува од 2018, а нашата земја, како што е досега познато би требало да има еден претставник и тоа екипата на ФК Вардар. 

Како основен буџет за реализација на проектот, УЕФА обезбеди 19,2 милиони евра, а клубовите ќе бидат дополнително наградувани во зависност од пласманот, како и други критериуми. Бенефит на клубовите ќе им донесат и ТВ правата, како и наплатата на влезниците, бидејќи ова натпреварување се очеквуа да привлече многу посетители. 

Во лигата ќе учествуваат клубови од регионот, кои не успеале да обезбедат пласман во некое друго меѓународно натпреварување, како на пример Лигата на шампиони или Лигата Европа. Се очекува 24 екипи да земат учество, а би биле распоредени во 6 групи. Балканската лига, доби зелено светло, но сеуште нема официјална потврда за стартот на натпреварувањето, ниту од УЕФА, ниту од државните фудбалски федерации на засегнатите држави. На состанокот оджан неодамна во Загреб, согласност дадоа федерациите од поранешна Југославија, плус федерацијата на Унгарија. Младинската верзија на Балканската лига се очекува да започне наредната есен и ќе биде пилот проект за реализација на сениорско ниво.