70 годишен пензионер од Скопје, секојдневно се рекреира со велосипед

70 годишен пензионер од скопско Инџиково, секојдневно ужива и се рекреира со својот велосипед. И тоа не модерен велосипед, туку купен пред речиси 50 години.

Без никаква мака и потешкотија, некогаш дневно поминува и по 30 километри. Велосипедот покрај тоа што му служи за рекреирање, го користи и како потреба. Вели дека велосипедот, е негов живот.

-Како знам за себе, јас возам велосипед. Не можам да замислам ниту еден еден без да се качам на него, па макар и само да отидам до продавница. Кога бев помлад имав автомобил, но речиси и воопшто да не го возев. Го оставив на децата. Јас си имам мое превозно средство. Кога бевме помлади, на велосипедот ја возев и мојата сопруга – раскажува тој.

Тој нема учестувано на трки, до сега. Вели дека се чувствува убаво и дека ако и натаму го послужи здравјето ќе продолжи со исто темпо.

-Јас сакам секаков вид на спорт, бидејќи спортот го подобрува  и секако продолжува животот. Јас не викам за себе дека сум спортист, но со сигурснот ќе кажам дека возењето велосипед ме одржува. Живеам сега сам. Кога ми е досадно, знам да се качам на велосипедот и да се возам. Така ми поминува времето, а воедно и убаво се чувствувам- додава тој.