7 знаци дека тој е заљубен во вас

За разлика од жените кои се послободни при искажување на чувствата, мажите се позатворени по тоа прашање. Баш поради тоа жените често се сомневаат и не знаат мажот е со нив поради љубов или нешто друго. Ако се најдете во оваа ситуација, постојат мали знаци кои ќе ви помогнат да сфатите што чувствува тој за вас. Па да видиме кои се тие.

Ве запознава со сите

Еден од најсигурните знаци дека мажот е заљубен во жената е кога ќе почне да ја запознава со неговите пријатели, колеги, семејство и другите луѓе кои му значат. Тоа е начинот на кој мажите ја „обележуваат својата територија“, покажувајќи им на другите дека неговата девојка не е слободна, т.е таа е негова.

Тој ве забележува само вас

Обично велат дека очите зборуваат погласно од устата. Тоа е апсолутно точно кога станува збор за заљубените мажи. Кога мажот е заљубен, тој не може да ги одвои очите од жената која ја сака. Тие се визуелни суштества и кога пред нив стои жената која ја сакаат ,тие не можат да престанат да гледаат во неа. 

Тој ви посветува внимание

Уште еден знак дека е заљубен во вас е начинот на кој ве слуша и обрнува внимание на сѐ што ќе кажете. Ако тој сака да знае сѐ за вас, ако помни што ви се допаѓа, а што не, тоа само покажува дека е заљубен. 

Тој се грижи за вас

Дали е тој загрижен за вас? Дали ве испраќа до дома? Дали ако сте во неволја веднаш доаѓа да ви помогне? Ако одговорот е ДА, тој навистина има чувства за вас.

Прави да се чувствувате среќни

Мажот кој е заљубен ќе направи сѐ за да ве направи среќни. Тој ќе ве изненадува, ќе прави работи кои вам ви се важни иако него и не му се баш интересни. Ќе направи сѐ само за да види насмевка на вашето лице.

Тој е приврзан за вас

Заљубениот маж ќе направи сѐ за да не ве повреди. Тој ќе ве почитува, ќе се грижи и секогаш ќе биде верен. Ако на мажот се забавува со вас, никогаш не ве изневерил и секогаш ве вклучува во плановите за иднина, тогаш тој навистина е сериозен за вашата иднина. 

Отворено ви кажува дека ве сака

Мажот кој е заљубен не се плаши да ѝ го каже тоа на жената. Ако мажот ви се јавува за да ви каже дека ве сака, ако во неочекувани моменти ви ги искажува тие чувства, тоа значи дека тие навистина имаат длабоки чувства кон вас.