Инспирација
9. Јануари 2017 - 12:26

7 работи кои треба да ги направите во 2017

Новата година за многумина значи нов почеток и нов обид нештата да бидат поинакви, односно обид кај себе да ги промените нештата кои ни пречат.

Токму така, важно е да знаеме дека можеби не можеме да ги промениме луѓето околу себе, но можеме да придонесеме кон промени во нашиот живот.

Каде да започнеме?

1  - Менувајте се полека

Не морате точно да знаете што ќе правите следниот момент, следниот ден или недела. Кога сме програмирани да размислуваме така, времето поминува мошне брзо и не можеме воопшто да уживаме во работите кои се случуваат. Затоа и често на крајот на секоја година велиме дека таа поминала пребрзо. Затоа, важно е да уживаме во моментите, и да се однесуваме како секој ден да е нов почеток.

2 – Пуштете ги работите и луѓето

Знаете колку е тешко да се смените? А, зошто тогаш со толкава леснотија барате другите да се променат според вашите потреби и барања? Ништо не можете да промените. Не  можете да го промените минатото, не можете да ги смените реакциите и зборовите на луѓето. Тоа е битка која не можете да ја добиете. Затоа, ослободете се од потребата да влијаете на сѐ околу вас.

3 – Преземајте ризици

Ако не преземете никаков ризик, каква убава промена очекувате во својот живот? Што е најлошото што може да се случи кога преземате ризик? Можат да се случат многу нешта, но најважното е дека можете да учите од своите искуства. Доколку не преземате ризици, многу малку искуства градите во својот живот.

4 – Јавете им се на оние кои ви значат

Често се однесуваме како луѓето кои нѐ сакаат да ќе бидат секогаш до нас. Но, тоа не е така. Понекогаш луѓето заминуваат од овој свет, а понекогаш тие решаваат да си заминат од нашиот живот. Затоа, јавете им се  на оние кои ги сакате, побарајте ги оние кои ви се познаници а сакате да ви бидат добри пријатели. Поминувајте време со луѓето, поставувајте прашања, учете за нив и учете од нив.

5 – Наместо да се сожалувате себеси, направете нешто

Голем дел од времето го минуваме мислејќи дека светот е против нас. Но, не е така. Често го трошиме времето на неважни нешта, не правејќи и не преземајќи ништо за тоа што сакаме да го имаме во својот живот. Затоа, 2017 нека биде годината во која ќе направите нешто за да го добиете тоа што отсекогаш сте го посакувале, или кое сметате дека ви е потребно.

6 – Изберете да бидете фини и љубезни, наместо лути

Бидете секогаш љубезни со другите луѓе. Застанете позади вашите ставови, но не ги исмевајте и не лутете им се ако имаат поинакво размислување од вашето. Не собирајте без за ситуациите и луѓето. Бесот ви носи неволја само вам.

7 – Верувајте

Верувајте во посветла иднина. Верувајте дека можете да бидете подобра личност. Верувајте во луѓето околу вас.