7 најважни витамини и зошто ни се потребни?

Знаеме дека витамините и минералите се неопходни за добро здравје, но и убав изглед и добро расположение. Но, кои се најважните од нив и зошто ни се потребни?

Витамин А – важен е за здрава и сјајна кожа. Освен тоа, го подобрува имунолошкиот систем, репродукцијата и е важен за добар вид.

Витамин Б12 – помага во обновување на клетките и во создавање нови црвени крвни зрнца. Тој исто така е важен за спречување на анемијата која луѓето ги прави да бидат исцрпени, слаби и постојано уморни.

Витамин Ц – важен е за имунитетот, а е и особено моќен антиоксидант. Помага во креирањето на колаген, кој е добар за кожата, но и кој го помага брзото опораување на раните.

Витамин Д – го нарекуваат и витамин на сонцето. Тој дава добро расположение, а ги зајакнува и коските и забите. Исто така, помага во превенцијата на различни болести.

Витамин Е – најдобар витамин за здрава кожа. Освен тоа, го забавува развојот на Алцхајмеровата болест и деменцијата кај постарите луѓе.

Витамин К – Го спречува згрутчувањето на крвта и е важен за здрави и силни коски.

Фолна киселина – таа исто така е витамин од групата Б. Го чува плодот во текот на бременоста и е важна за клетките во нашето тело.