7 Фрази кои посочуваат на ниска самодоверба и ве прават да изгледате емотивно слаби

Не сум сигурна дали имате време да го прочитате овој текст, и извинете доколку ви го одземам вниманието од нешто многу поважно. Навистина, мразам кога ви пречам – но имам да ви кажам нешто многу важно. Во ред?

..рече авторот со никаква достојна самодоверба.

Доколку сакате другите да ви веруваат, вие мора да верувате во себеси и во својата вредност и да делувате на начин на кој што ќе проектирате самодоверба када и да одите.

Зборовите кои ги избирате може да придонесат да ја изгубите самодовербата или пак да направат да се чувствувате ранливи. Никогаш не ја потценувајте моќта на зборот.

Еве кои седум фрази да ги одбегнувате, поготово во работната околина. Како што ќе ги исфрлите овие зборови од вербална и пишана форма, ќе забележите дека ќе има видлива промена во тоа како луѓето ве перцепираат. Исто така, ќе забележите разлика во тоа како се чувствувате во врска со себеси и како вашето ниво на самодоверба расте.

Не сакам да ви пречам, но..

Вие навистина не мразите да му пречите на некого кога нешто е доволно важно и не смее да чека. Она што го мразите е вашата лична неудобност за вашето вербално обраќање и одговорот што ќе го добиете.

Оваа фраза ја става другата личност во тотална контрола, и ја давате вашата моќ. Доколку сте несигурни за времето во кое се обраќате, кажете нешто слично на ова: Кога ќе имаш некоја минута, би сакала да дискутираме нешто.

Извини

Јаките луѓе и оние кои имаат голема самодоверба ќе признаат кога не се право и ќе се извинат. Но, послабите луѓе ќе ја користат оваа фраза кога имаат чувство на инфериорност. Избројте колку пати во денот се извинувате и размислете дали навистина ви е жал?Дали навистина направивте нешто лошо? Во повеќето од случаите, не, не сте направиле ништо лошо. Пред да ги искористите овие зборови, застанете за момент и пресметајте дали тие навистина се потребни.

Загрижен/а сум

Луѓето кои немаат многу самодоверба ќе ги искористат овие зборови едноставно заради тоа што премногу се загрижени за се околу нив. Изразувањето на загриженоста покажува колку се плашите од некоја негативна последица или пак дека премногу ја анализирате. Тоа кажува дека вие не барате решенија, туку единствено се фокусирате на проблемот.

Размислете пред да му кажете на некој дека сте загрижени. Доколку ситиацијата заслужува доза на загриженост, тогаш кажете: “Имам некоја загриженост дека…”

Зачувајте ја вистинската грижа за проблемите во животот. Уште подобро, не грижете се воопшто, тоа единствено служи за креирање на негативни фантазии кои можеби никогаш нема да се случат.

Јас ќе го направам тоа

Успешните луѓе истапуваат и се приклучуваат во што и да треба да се заврши. Но, доколку се пријавувате да ја направите секоја работа, од правење на кафето до подготвување на извештај, ќе постигнете да бидете ставени на дното. Бидете тимски играч, но не скокајте на секоја шанса да направите вие нешто.

Јас единствено…

Секогаш кога ќе ја употребите оваа фраза, му дава помало значение на што и да кажете после неа.

“Единствено ми треба минута од вашето време.”

“Јас единствено помислив..”

“Тоа е единствено идеја, но…”

Доколку имате предлог, идеа или сте загрижени околу нешто, кажете го тоа со самодоверба отколку да ја намалувате неговата важност во туѓи очи (и својата важност истовремено).

Доколку е во ред, дали би ви пречело..

Доколку барате дозвола да побарате нешто од некого тоа веднаш ја намалува важноста на што и да барате. Исто така, им оставате можност тие да кажат: “Не, не е ок” или “Да, ми пречи”. Бидете авторитативни кога доставувате разумно барање, дури иако зборувате со шефот. Немојте да користите инфериорен тон бидејќи така оставате впечаток дека молите за помош. Едноставно започнете со нешто вакво: “Мери, кога ќе имаш еден момент, те молам…”

Јас веруваме/мислам дека..

Овие се зборови кои се користат за пополнување на празнините во вашето излагање кои го врзуваат вашето мислење околу некоја тема. Како зборот “единствено” (Јас едноставно верувам дека..”) тие го намалуваат значењето на вашите зборови или изјава.

Едноставно отстранете ги овие пополнувачки фрази. Забележете ја разликата помеѓу овие два примера:

“Јас едноставно чувствувам дека ова е важен проблем кој треба да го истражиме”

“Ова е важен проблем кој треба да го истражиме”

Која од фразите ја намали самодовербата на говорникот во вашите очи?