Губењето маснотии е навистина тешко и за тоа е потребно време. Ние пронајдовме 7 едноставни финти кои сигурно ќе ви помогнат побрзо да ја достигнете вашата цел.

Вода

Осигурете се дека пиете доволно вода. Му помага на вашето тело да се ослободи од непотребното и да остане на прават температура. Дехидратицијата му отежнува телото да ја контролира температурата и да ги топи мастите, затоа што ги користи тие масти за да остане во рамнотежа. Еве ги најдобрите времиња за да пиеме вода:

~ Пијте чаша млака вода веднаш кога ќе стане од спиење.
~ Вода со собна температура пред оброци.
~ Кога вежбате, пијте една чаша вода половина час пред вежбање, една голтка на секои 15 минути додека вежбате и уште една чаша на крај од вежбањето.
~ Пијте вода кога ќе ви се пријаде.
~ Ако сте жедни тоа е знак за дехидрација, па пијте вода колку што сакате.
~ Пијте ладна вода предпладне и попладне за да имате енергија.
~ Пијте чаша вода пред спиење. Тоа го движи вашиот метаболизам и спречува проблеми со срцето.

Карбохидрати

Ако ја промените исхраната во исхрана со карбохидрати тогаш побрзо ќе ги трошите мастите затоа што ќе внесувате намалена количина на инсулин, кој е хормон поради кој се складираат мастите. Изберете карбохидрати кои имаат низок или среден глиценски индекс како:

~ Овошје
~ Ореви
~ Паста, ориз и црн леб

Тегови

Брз метаболизам значи горење повеќе калории и повеќе килограми. Најдобриот начин да го забрзате вашиот метаболизам и да го оформите вашето тело е доброто вежбање. Вметнување малку тегови во вашата фитнес рутина ќе го направи вашето вежбање поефективно и ќе му помогне на метаболизмот да биде побрз и часови по вашето вежбање.

Протеини

Амино киселините се клучни за развој на мускулно ткиво. Намирниците со најголемо количество аминокиселини се оние кои имаат највеќе протеини. Ако сакате да топите масти, важно е во вашите оброци да вкучите намирници со повеќе протеини, но да не претерувате во тоа. Најдобрите извори на протеин се:

~ Варени јајца
~ Риба: лосос, туна и сардина
~ Мисирка и пилешки гради
~ Црвено месо без маснотии
~ Млечни производи како сирење и јогурт
~ Киноа

Масти

Можеби звучи чудно, но на вашето тело му се потребни масти за да ги произведе хормоните кои ве поттикнуваат да топите масти: тестостерон и хормони за раст. Секак, не си масти се исти. Клучот е да ги замените лошите масти со добрите масти. Заборавете на хамбургери и помфрит, вашата исхрана треба да вклучува здрави масти кои се наоѓаат во:

~ Канола, маслинки, сончоглед и масла од пченка
~ Авокадо
~ Туна, лосос и сардини
~ Бадеми, ореви и лешник

Детоксикација

Ова се намирниците кои треба да ги јадете доколку сакате да го исчитите телото од отрови:

~ Краставица
~ Пиперка
~ Морков
~ Спанаќ
~ Марула

Кардио

Луѓето со нормален или бавен метаболизам нема да имаат ниско ниво на масти доколку не прават минимум 40-60 минути кардио 5 пати во неделата.