60 детски лимузини ќе бидат набавени за парковите во Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, најави набавка на шеесет т.н лимузини на батерии.

Станува збор за електрични колички кои најмалите карпошани ќе можат да ги користат, односно да ги возат, додека со своите родители рекреираат и се дружат во некои од парковите во Карпош.

Во изминативе години, на територијата на локалната самопурава се изградени голем број на хортикултирно и партерно уредени паркови и мини скверови, кои карпошани масовно ги користат особено во текот на вечерните летни часови за одмор и рекреација.