6 лоши совети кои можат да ја уништат вашата врска!

Не постои едноставен рецепт за успешна вска, но сите знаеме дека интернетот е место преполно со секакви совети за тоа како да имате успешна врска. И не е само на интернет, истото се случува и во секојдневниот живот. Родители, пријатели, роднини, познати и непознати – речиси секој што ќе го сретнете е подготвен да ви даде „експертски“ совети за вашата врска.

Но, колку се точни овие совети?

Голем дел од верувањата за љубовта и врските, иако се добронамерни, се погрешни. Без оглед дали се уште сте сами или во врска, немојте да паднете во заблудата на овие верувања.

Секогаш имајте високи очекувања од вашата врска

Имањето високи очекувања носи задоволство, но само ако вашата врска веќе има здрава и силна основа. Но, ако поминувате низ лош период, треба да ги намалите очекувањата, а не да ги зголемувате. Одредени истражувања покажале дека луѓето во стабилни бракови биле задовлни кога имале високи очекувања од нивната врска. Но, кога паровите имале сериозни проблеми или се соочувале со деструктивни однесувања, високите очекувања носеле незадоволство.

Фокусирајте се на себеси. Вашиот партнер ќе биде тука.

Секако дека секој има сопствен живот, обврски и цели, но морате да работите на врската ако сакате истата да биде здрава и да успее. Малите гестови на внимание можеби не делуваат значајно, но имаат изненадувачки силен позитивен ефект на среќата и задоволството во врската. Овие гестови создаваат благодарност, а благодарноста создава чувтво на блискост и задоволство. На тој начин со минимален труд постигнувате максимална победа.

Љубовта е се што ви е потребно

Љубовта е многу важен дел од секоја врска, но не е се. Врска без обврска и посветеност не може да опстои. Посветеноста е одлука и додека љубовта секако придонесува кон равенката, тука влегуват во игра и генералното вложување во врската, како постоењето на алтернативи на врската. На пример, ако вашите долгорочни цели не се на иста линија со оние на вашиот партнер, а некаде таму постои подобра алтернатива, вашите чувства ќе избледат. Со други зборови, истражувањата покажуваат дека да се биде заљубен самото по себе не е доволна основа за да се предвиди стабилноста на врската. Посветеноста е многу важен елемент.

Вашиот партнер треба да ве прави среќни

Здраво е партнерите да придонесуваат за меѓусебната среќа. Истражувањата покажале дека брачната среќа на жената директно влијае на општата животна среќа на мажот. Но, сепак, вашиот партнер не може да биде одговорен за вашата среќа. Да зависите од  некого за исполнување на сите ваши потреби и задоволство и преголема зависност која е поврзана со слаб квалитет на врската.

Не и дозволувајте на врската да ве промени

Кога човек ќе се заљуби, сосема е природно и здраво да искуси промена и разој под влијание на новиот партнер. Некаде е познато и како „само-проширување“ и овој развој е многу важен дел од создавањето на независност, бидејќи вие ја интегрирате другата личност во вашиот сопствен концепт и вашиот свет. Одбивањето на „самопроширување“ на сметка на целосна независност не е добро, исто како што не е ни добро целосно да се споите со партнерот и да делувате како една личност, а не две. Оптималниот баланс е здрава доза на автономност и интимност – земање на некои нови навики, но сепак ги задржувате и своите и не се губите себеси во процесот.

Заборавете на советување – нема да ви помогне

Луѓето често се скептични во поглед на брачни или групни советувања, но ова може да биде одличен избор и многу да ви помогне доколку проаѓате низ лош период во врската. Според Џон Готман, познат истражувач и терапевт, паровите поминуваат низ 6 несреќни години пред да побараат совет или да започнат со терапија и советување. Раното започнување на овој процес има многу позитивни ефекти. Повеќето парови излегуваат посилни од терапијата, особено кога се мотивирани, кога нивниот советник е добро обучен и искусен и кога пристапот е добар.